
Верноста кон „Огнените“ го изгоре! Кој државен директор изгуби плата од 3.000 евра месечно?
Познавачите на состојбите во најголемата политичка партија на етнички Албанци во Македонија се убедени дека најголем грев на Салмани за смената од директорското место во М-НАВ е тоа што припаѓал на одметната фракција позната под називот „Огнените“. Нов извршен директор на финансиски работи, правни работи, развој и инвестиции е Хасим Деари
Миѓен Салмани повеќе не е член на управниот одбор во најдоброплатената државна компанија М-НАВ. На берзата осамна документ со кој се потврдува дека Салмани повеќе не е извршен директор за финансиски работи, правни работи. Разрешен е од страна на Управниот одбор на компанијата на 13 март годинава.
На негово место е поставен нов член. Тоа е Хасим Деари.
Познавачите на случувањата во политичката партија ДУИ се убедени дека единствен грев на Салмани е тоа што се одметнал и пристапил кон фракцијата која во јавноста е препознатлива по прекарот „Огнените“. Нив ги предводи Изет Меџити, пратеник и поранешен градоначалник на Општина Чари. Оваа неформална група членови на ДУИ изразува отворено незадоволство од работата на министрите кои ја претставуваат таа партија во актуелната македонска Влада.
Салмани во јавноста беше актуелен пред извесно време заедно со своите колеги од Управниот одбор, а причина за нивната виралност беа платите. Имено јавноста се брануваше затоа што платите на овие лица надминуваат 3.000 евра месечно.
Висината на платите во таа државна компанија се креира според европските правила кои важат за услугите во воздухопловна навигација. Според официјалните податоци М-НАВ во 2021 година остварила приходи во вредност од 13,4 милиони евра, а од нив 10,6 милиони евра ги наменила на трошоци за вработените.
Повеќе детали за разрешувањето на Салмани и назначувањето на Деари на следниот линк
Р:Ф.
foto freepik.com/weyo
