Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Верификуван преводот на меѓународните сметководствени стандарди, како основен предуслов за нивно воведување и примена во земјава
Македонија

Верификуван преводот на меѓународните сметководствени стандарди, како основен предуслов за нивно воведување и примена во земјава

26/12/2023

AA

Фондацијата за меѓународни стандарди за финансиско известување (IFRS) и официјално ја одобри македонската верзија на меѓународните сметководствени стандарди. Со ова, ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители успешно го заокружи процесот на превод на меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) и за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСС), од англиски на македонски јазик, што беше и последната формална пречка за нивно воведување и примена во нашата земја. Преведените меѓународни стандарди ќе бидат и официјално предадени во Министерството за финансии.

„Преводот на меѓународните сметководствени стандарди – процес кој од нејасни причини се одолговлекувал уште од 2009 година – беше една од приоритетните задачи на нашиот Институт, што ја спроведовме во текот на оваа година. По успешното заокружување на овој просец, следува период во кој сите професионални сметководители во нашата земја треба да се запознаат и подготват за нивната примена“, изјави претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Според резултатите од најновата анкета на Советот на странски инвеститори, во која учествувале компании во земјава, кои генерираат вкупен годишен приход од над 7,7 милијарди евра и имаат големо влијание врз македонската економија, токму примената на најновите меѓународни сметководствени правила и стандарди е едно од петте најприоритетни прашања за бизнисот на кои треба да се фокусираат државните институции во претстојниот период.

„Воведувањето и употребата на овие стандарди ќе обезбеди конзистентност на финансиските извештаи на домашните компании со оние што се изготвуваат на глобално ниво, што секако е исклучително значајно за нашиот бизнис сектор, бидејќи со тоа се зголемува неговата ефикасност и конкурентност, креирајќи нови можности за инвестиции и соработка во глобални рамки. Дополнително, од нивната имплементација ќе има придобивки и државата, затоа што тоа ќе придонесе за подобра и поефикасна наплата на даноците, како и професионално исполнување на даночните обврски од страна на деловните субјекти. Истовремено, примената на меѓународните сметководствени стандарди и правила значително ќе придонесе за натамошно унапредување на сметководствената професија во нашата земја и нејзино издигнување на исто рамниште со земјите во регионот, во ЕУ и глобално. Тоа ќе нѐ приближи кон полноправно членство во Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), која ги застапува интересите на повеќе од три милиони професионални сметководители ширум светот и обезбедува пристап до најдобрите светски практики од оваа област и нивна примена во нашата земја“, објаснува претседателката на ИСОС, Прентоска.

Инаку, паралелно со овој процес, ИСОС ја финализира и постапката на ажурирање на регистрите на сметководители и овластени сметководители, вклучително и на регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи, како и на електронска размена на податоците од вака ажурираните регистри со Централниот регистар. Овој процес е исклучително важен, затоа што со него се добиваат точни информации за професионалните сметководители и друштва за сметководствени работи кои ги исполнуваат законските услови да вршат сметководствени работи, вклучувајќи го и правото да ги потпишуваат годишните сметки и останатите документи за финансиско известување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy