Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ВЕНЕЦУЕЛСКАТА ВРСКА“ Е ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА СДСМ НЕМА СТАВ ЗА АПСЕЊЕТО НА МАДУРО Тежок е товарот на испраните 110 милиони евра од Мал Каракас преку Еуростандард банка во струмички фирми блиски до Заеви
Македонија

„ВЕНЕЦУЕЛСКАТА ВРСКА“ Е ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА СДСМ НЕМА СТАВ ЗА АПСЕЊЕТО НА МАДУРО Тежок е товарот на испраните 110 милиони евра од Мал Каракас преку Еуростандард банка во струмички фирми блиски до Заеви

05/01/2026

AA

Во последните соопштенија на СДСМ, се коментираат ставовите на премиерот Христијан Мицкоски и на македонската дипломатија за акцијата на Доналд Трамп, но не се соопштува јасен став на опозициската партија за апсењето на диктаторот Мадуро.

Зошто молчи СДСМ, предводен од Венко Филипче, за темата што деновиве ја окупира светската политичка јавност?

Во 2019 година, во Еуростандард банка, пристигнале 110 милиони евра од Венецуела, на сметки во банката, а таа ги пласирала во кредити во струмички банки.

Редица фирми во Скопје со директори и управители од Венецуела биле основани пролетта 2019 година, на две локации во главниот град, откри во 2022 година екипата на КОД од телевизија Телма. Фирмите од тој таканаречен Мал Каракас во Скопје учествувале во операција за префрлање на 110 милиони евра од јужна Америка преку сметки во Еуростандард банка.

Објаснувајќи го пропаѓањето на банката, сопственикот Трифун Костовски тогаш изјави дека најголем дел од тие пари завршиле како кредити без покритие, во струмички фирми, пред сè во фирмите на Ристо Крмзов, против кого неодамна е покренато обвинение за финансиски малверзации.

„Сè уште ни ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка“, изјави тогаш Костовски.

Во таа 2022 година беше отворена и истрага за ова скандалозно перење пари, но случајот заврши во фиока. Прв човек на финансиското разузнавање тогаш беше Блажо Трендафилов, човек близок со Ден Дончев и со Зоран Заев по муртинска линија.

Добро упатени извори велат дека испраните крвави венецуелски пари завршиле голема работа во Кланот Дубаи и тоа е клучната причина поради која СДСМ денес не може да ја поддржи акцијата на Доналд Трамп, а не смее ни да ја осуди.

– Тоа е тој божем нов СДСМ, со нова енергија и победнички дух. Раководството не смее да писне, бидејќи има тон путер на главата. Наместо да се занимава со политика, ги гони членовите и симпатизерите на СДСМ за кои претпоставува дека на конгресот на 24 јануари ќе настапат со критички тонови – вели извор од партијата за Плусинфо.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy