
Велковски: Прием во градинка задолжително со вакцинален картон
Детето при прием во градинка задолжително треба да поседува вакцинален картон со примени вакцини согласно возраста, вели техничкиот министер за труд и социјала Велковски. Отстапки не смее да има, а инспекциските служби вршат редовни и вонредни контроли.
„Инспекциските служби кои вршат надзорТој додаде дека во моментот се прави контрола за да нема присутни деца во градинките, кои ги немаат сите документи во досието. во градинките, го прават тоа според својата надлежност. Тие се секојдневно на терен, по редовни или вонредни инспекциски надзори прават контроли, а го опфаќаат и делот на проверка на досиејата на децата кои се запишани во градинката. Треба да постои вакцинален картон со сите примени вакцини согласно возраста на детето“, рече министерот.
Тој додаде дека во моментот се прави контрола за да нема присутни деца во градинките, кои ги немаат сите документи во досието. Посебни задолженија од Владата до Министерството за труд и социјала, сè уште не се стигнати, вели министерот.
