
Велковски: Одиме подготвени на ЕП во Германија!
Иако сè уште се чувствува заморот од подготовките, сепак Велковски смета дека се подготвени за настап на ЕП.
„Речиси 15-20 дена бевме на подготовки и сè уште чувствуваме замор, но полека влегуваме во форма. Мислам дека одигравме добар меч, иако имавме одредени падови во играта, но мислам дека заслуживме да победиме. Одиме подготвени на Европското првенство. Возбудени сме пред ЕП, имаме тешка група, но мора да се фокусираме на себе и да се претставиме на најдобар можен начин и се надевам дека ќе ги оправдаме очекувањата на публиката“, кажа Велковски.
Македонија ќе одигра уште еден пријателски натпревар против Грција, но тој ќе биде од затворен тип.