Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Величествено отворени Игрите во Париз: Олимпискиот оган го запалија Мари Жозе Перек и Теди Ринер
Спорт

Величествено отворени Игрите во Париз: Олимпискиот оган го запалија Мари Жозе Перек и Теди Ринер

26/07/2024

AA

На величествен начин, вечерва во Париз се отворени 33. Летни олимписки игри кои, ако се суди по почетокот, ќе бидат најспектакуларни во историјата.

Најголемата чест да го запалат олимпискиот оган имаа француските спортски легенди, атлетичарката Мари Жозе Перек, трикратна олимписка шампионка на 200 и 400 метри и џудистот Теди Ринер, исто така троен олимписки шампион и освојувач на вкупно пет медали.

Организаторот се погрижи церемонијата на отворање да биде апсолутно различна од се што е видено досега во 128-годишната историја на Олимписките игри. Од дефилето на учесниците во реката Сена, преку трансферот на олимпискиот факел, опфаќајќи ги најважните знаменитости на Париз, до палењето на олимпискиот оган, во балон кој лебди над француската престолнина.

Во примопредавањето на олимпискиот факел учествуваат голем број француски и светски спортски легенди, од Зинедин Зидан, преку Рафаел Надал, Надја Команечи, Серена Вилијамс и Карл Луис кои со брод го носеа огнот, до Амели Морезмо, Тони Паркер, Мари Амели ле Фур, Нантенин Кеита, Алексис Анкинан, Микаел Гигу и поранешната ракометарка на Вардар, Алисон Пино.

Финалето од церемонијата го зачини музичката дива Селин Дион со својот перформанс од Ајфеловата кула.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТОИМЕ СО АМЕРИКАНСКИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО СООЧУВАЊЕТО СО ЗАКАНИТЕ НА БЛИСКИОТ

28/02/2026
Македонија

11 македонски државјани побарале евакуација од Израел

28/02/2026
Македонија

Девет македонски државјани побарале евакуација од Израел – МНР со

28/02/2026
Македонија

Личните предмети на загинатите и повредените во „Пулс“ ќе се

28/02/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ НЕМА ДА ЧЕКААТ ЗА ЛЕКОВИ Министерството

28/02/2026
Македонија

Инцидент на детски фудбалски натпревар во Тетово – едно лице

28/02/2026
Македонија

22-годишна нападната од својот вонбрачен партнер во Драчево

28/02/2026
Македонија

Пронајдена малолетничка во безсознание во Карпош – кај неа била

28/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42063
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТОИМЕ СО АМЕРИКАНСКИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО СООЧУВАЊЕТО СО ЗАКАНИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Одвраќањето е неопходно кога

28/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа Икс изрази јасна поддршка за сојузничката координација во

11 македонски државјани побарале евакуација од Израел

28/02/2026

До овој момент, до дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, единаесет македонски државјани официјално побарале евакуација од Израел. Согласно последните информации,

Девет македонски државјани побарале евакуација од Израел – МНР со нови детали

28/02/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираше за актуелната состојба со македонските државјани на Блискиот Исток, во услови на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy