Велев: Немаме медицински сестри за едукација, пациентите учат за дијабетесот од странски канали
Покрај недостигот на лекови, дијабетичарите се соочуваат и со огромен дефицит на стручен кадар, особено во помалите градови како Радовиш, Кочани и Ресен. Велев за 4tv.mk потенцираше дека најкритичен е недостигот на медицински сестри специјализирани за дијабетес, кои се клучни за едукација на пациентите како да живеат со болеста.
„Ние немаме книги, брошури или едукативни канали на македонски јазик. Луѓето учат од Хрватска, Словенија или Србија, наместо државата да обезбеди соодветна институционална едукација,“ истакна Велев за 4tv.mk. Тој појасни дека почетната поддршка е пресудна, особено за родителите на деца со Тип 1, кои мораат брзо да научат како да бројат јаглехидрати, да дозираат инсулин и да ги користат современите апликации поврзани со сензорите за гликемија.