
Веднаш по завршување на мисата: Доналд и Меланија си заминаа од Рим
Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп веднаш по завршување на мисата на плоштадот „Свети Петар“, го напуштија Рим.
Нивниот авион „Ер Форс Уан“ со кој пристигнаа, штотуку го напушти Рим, а тоа го покажува веб-страницата за следење летови FlightRadar24.