
Вечерва завршуваат спасувачките мисии во Турција
Спасувачките напори во Турција, погодена од земјотресот, завршуваат вечерва, речиси две недели по најсмртоносната катастрофа во поновата историја на земјата, при што многумина се молат само за телата, за да можат достоинствено да ги погребаат своите најблиски.
Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер, најави дека потрагата и спасувањето главно ќе заврши до денеска навечер.
Повеќе од 46.000 луѓе загинаа по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.
Се очекува бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи сега е познато дека околу 345.000 станови во Турција се уништени, а многумина се уште се водат како исчезнати.