
Вечерва повторно земјотрес во Македонија
Нов земјотрес вечерва е регистриран во Македонија. Најсилно е почувствуван во Демирхисарско. Ова е втор земјотрес во последните 24 часа. Вечерашниот е со јачина од 2,4 степени по Рихтер. Длабочината на земјотресот е 5 километри. Епицентарот е недалеку од Демир Хисар.
