Вечерва истекува рокот за увид во Избирачки список, од дијаспората за гласање се пријавиле само 1.547 лица!
Вечерва на полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората, а се провериле 22.122 граѓани.
Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.
Заклучно со петокот, за гласање во странство се пријавиле само 1.547 лица.
Обединетата македонска дијаспора вчера се пожалија дека веб страницата не функционира, односно покажува дека пријавувањето е завршено на 11-ти март.
Од таму обвинија за кршење на уставот и Изборниот законик од страна на ДИК и побараа проблемот да биде отстранет, како и да се продолжи рокот за регистрација.