Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вечерва искусете редок небесен феномен – набљудувајте ја кометата која се појавува еднаш во 80.000 години
Магазин

Вечерва искусете редок небесен феномен – набљудувајте ја кометата која се појавува еднаш во 80.000 години

22/10/2024

AA


Скопското астрономско друштво денеска приредува интересен настан, а поканети се сите кои се љубопитни да искусат еден редок небесен феномен, комета која се појавува еднаш на 80.000 години.

„Скопското астрономско друштво ве поканува да дојдете на паркингот пред Кале во вторник, 22.10.2024 година, на јавно набљудување на кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS. Набљудувањето на кометата ќе започне во 18:30 часот и ќе заврши околу 20:30 часот“, објави друштвото на својот профил на Фејсбук.

Друштвото ги советува посетителите да си понесат двоглед за да ја погледнат кометата подобро, а доколку сакаат да фотографираат, да си понесат и камера. Секако, посетителите треба да се облечат добро бидејќи ноќите стануваат постудени.

Кометата, наречена Цучиншан-Атлас или „Ц/2023 А-3“, минува низ внатрешниот дел на Сончевиот Систем и ова е едно од најблиските и најсветлите појавувања на комети последниве години. Овој настан нема да се повтори следните 80.000 години.

Астрономите ја открија кометата во 2023 година, преку две независни набљудувања – во Кина (во Опсерваторијата „Цучиншан“) и во рамките на американскиот проект „АТЛАС“ (Систем за последен аларм со копнено влијание на астероиди). Нејзината орбита е рангирана меѓу кометите со долг период на револуција, што значи дека се потребни илјадници години за да направи еден круг околу Сонцето.

Тие ја нарекуваат најспектакуларната комета на десетлетието. Според сегашните проценки на астрономите, револуцијата на кометата Цучиншан-Атлас е околу 80.000 години. Тоа значи дека откако ќе мине низ внатрешноста на Сончевиот Систем оваа 2024 година, луѓето на Земјата ќе можат повторно да ја видат по 80 илјадалетија.

Тоа укажува и на ретка прилика и можност и за научно истражување и набљудување.

Кометата би можела да придонесе за добивање и нови сознанија за Кајперовиот Појас и Ортовиот Облак коишто се наоѓаат на периферијата на Сончевиот Систем. Проучувањето на комети со толку долги орбитални периоди е од клучно значење за разбирање на најдалечните делови од нашиот планетарен систем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy