Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вечерните пукотници ги вознемирија велешани – Армијата тренирала со маневарска муниција
Македонија

Вечерните пукотници ги вознемирија велешани – Армијата тренирала со маневарска муниција

18/02/2026

AA

Силни пукотници синоќа го нарушија мирот и предизвикаа вознемиреност кај жителите на новиот дел на Велес. Иако звуците налик на огнено оружје предизвикаа лавина реакции и паника на социјалните мрежи, од СВР Велес смируваат – не станува збор за инцидент, туку за воена вежба.

Според официјалните информации од полицијата, припадници на Армијата реализирале вежбовни активности со употреба на маневарска муниција.

Станува збор за редовни активности на новата генерација професионални војници кои се на обука во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“, каде е сместена Командата за обука и доктрина. Овој циклус на обуки започна на 10 февруари.

Главната причина за паниката беше недостигот на информации. Додека Генералштабот на АРСМ уредно ја пријавил вежбата во СВР Велес, јавноста остана без најава.

Во текот на вечерта, граѓаните бараа одговори, а информации немаа ниту локалните медиуми, ниту Центарот за управување со кризи (ЦУК).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хуманитарна акција на Црвениот крст: Помош за настраданите од поплавите

18/02/2026
Македонија

Три пожари низ Струмица, пожарникарите во акција!

18/02/2026
Македонија

ССМ ПРЕМОЛЧУВА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА ГО ЗАШТИТИ РАСТОТ НА

18/02/2026
Македонија

Констатирани оставките на Бислимоски и Ристовска

18/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНКА „МРТВА ПИЈАНА“ ЗАД ВОЛАНОТ: Возела „Опел“ со 1,77 промили

18/02/2026
Македонија

ДИПЛОМАТСКИ „РЕФРЕШ“: Владата предложи 9 нови амбасадори – ексминистерот Муртезани

18/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГИ ПОТВРДИ ОСТАВКИТЕ НА МАРКО БИСЛИМОВСКИ И НА ЦВЕТА

18/02/2026
Македонија

Вечерните пукотници ги вознемирија велешани – Армијата тренирала со маневарска

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41605
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Хуманитарна акција на Црвениот крст: Помош за настраданите од поплавите во скопски Сарај, Гостивар и

18/02/2026

Поплавите кои повторно го зафатија Кичевскиот регион, како и области во Скопје и Гостивар, предизвикаа сериозни штети и зголемена загриженост

Три пожари низ Струмица, пожарникарите во акција!

18/02/2026

Струмичката противпожарна единица утрово интервенираше на три различни локации. Првиот пожар избил во 07:00 часот во викендичка на Суви Лаки,

ССМ ПРЕМОЛЧУВА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА ГО ЗАШТИТИ РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ Со 40 амандмани издејствувавме

18/02/2026

Денеска повторно сме должни да ја кажеме вистината – истите тие кои денеска зборуваат за недостиг од социјален дијалог ги

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy