
Веќе врне дожд низ Македонија, не излегувајте без чадор, на сила е метео аларм!
Oблачно и студено со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови (над 20 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд.
Утре времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, наместа пообилни особено во западните делови (над 20 l/m2). Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на темературата.
Под влијание на влажен и студен бран утре времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови (над 20 l/m2). Дневната температура утре ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.