Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЕЌЕ СЀ Е ЈАСНО И ОФИЦИЈАЛНО: Селаудин Арифи од „АС Сењак“ стана главен „газда“ на „Жито Караорман“, нуди да ја докупи цела компанија
Економија

ВЕЌЕ СЀ Е ЈАСНО И ОФИЦИЈАЛНО: Селаудин Арифи од „АС Сењак“ стана главен „газда“ на „Жито Караорман“, нуди да ја докупи цела компанија

16/07/2023

AA

Пишувањето и претпоставката на Фактор за кичевската млинско-пекарска
компанија „Жито Караорман“, се потврдија во целост.

Имено, самата компанија објави дека близу 51 отсто од капиталот на
компанијата продал досегашниот доминантен акционер Сретен Миладиноски, а тој
акционерски пакет го откупил Селаудин Арифи, кој беше помал акционер во компанијата.

Фактор за ова пишуваше минатата недела, откако на Берзата се случи блок трансакција, преку која 50,67 отсто од акциите беа продадени за сума од 56 илјади евра. Нашиот здрав разум тогаш одеше во насока дека акциите ги продал
Миладиноски, а ги откупил Арифи, дотолку повеќе што истиот Арифи се ослободи од
својот акционерски капитал во компанијата „Жито полог“.

Но, Селаудин Арифи, сега оди и чекор понатаму. Односно, тој сега поседува
вкупно 74,19 отсто од акциите во „Жито Караорман“, а тоа се оние 23,52
проценти кои и претходно ги држеше, заедно со 50,67 отсто од акциите, кои
ги докупи преку блок трансакцијата минатата недела.

Но, Арифи не се задржува само на овој акционерски пакет од три четвртини,
туку и на сите преостанати акционери им нуди целосно да ја преземе
компанијата „Жито Караорман“, односно да стане целосен сопственик со 100 отсто
од капиталот.

А, тие акционери се уште Сашо Крстески, кој според последната состојба од
Централниот депозитар за хартии од вредност располага со 5,09 отсто од капиталот,
како и уште 54 други домашни физички лица, кои имаат помали акционерски пакети
од 5 отсто и затоа не се гледаат на Централниот депозитар, а кои вкупно
располагаат со 20,72 отсто од капиталот на кичевската компанија.

Еве што објавиле од „Жито Караорман“ како ценовно чувствителна информација до
инвеститорската јавност преку Македонската берза.

„Акционерот Сретен Миладиноски продаде 5.600 обични
акции или 50,67 отсто, со право на глас издадени од МПИ Жито
Караорман АД Кичево и во моментов на давањето на ова известување нема во
сопственост обични акции издадени од МПИ Жито Караорман АД Кичево. Акционерот
Селаудин Арифи се стекна со 5.600 обични акции или 50,67 отсто со
право на глас издадени од МПИ Жито Караорман АД Кичево и во моментов на
давањето на ова известување во сопственост има 8.199 обични
акции, или 74,19 отсто од вкупниот број на издадени акции од
друштвото МПИ Жито Караорман АД Кичево“, се вели во едната од информациите.

А, веднаш по неа акционерот Селаудин Арифи, праќа и уште едно известување
до преостанатите акционери, а тоа е дека им доставува намера за преземање.

„Врз основа на член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерските
друштва, Ви ја доставувам намерата за преземање на целното друштво Жито
Караорман АД Кичево“, се вели во неговото известување.

Тој нема наведено по која сума нуди да ги докупи преостанатите акции од
овие 54 домашни физички лица кои се акционери, но би можело да се претпостави
дека цената исто така би била 10 евра по акција, односно по 615 денари, колку
што изнесуваше и цената која му ја даде на Миладиноски во блок трансакцијата во
која го откупи неговиот доминантен пакет.

Инаку, треба да се напомене дека Селаудин Арифи, всушност е познат како
газда на фирмата „АС Сењак“, а според некои извори таа е блиска со една од владејачките партии. За оваа фирма се пишуваше и дека добива бројни државни јавни набавки.

Фактор веќе пишуваше за
минатонеделната блок трансакција, со која Арифи се стекна со над 50 отсто од
капиталот на „Жито Караорман“. Веќе и објавивме дека, доколку
се следи трагот на
берзанските трансакции, ќе се види
дека токму лицето Селаудин Арифи од Кичево излезе од
акционерската структура на една друга компанија, а таа е „Жито Полог“ од
Тетово, продавајќи ги сите свои акции во таа компанија
. Последната
трансакција се случи пред една недела, односно „Жито Полог“ плати 115.000 евра
за последните 5,5 отсто акции на АС Сењак, токму фирма на Селаудин Арифи.

А, Фактор, пак, на средината на јуни објави дека директорски
промени се случуваат во компанијата од млинско-пекарската индустрија „Жито
Караорман“ од Кичево.
 Всушност, тогаш
објавивме дека „Жито Караорман“ токму на 17 јули, што е многу брзо од
случувањето на блок трансакцијата, треба да одржи Собрание на акционери, а на
него како една од одлкуките што треба да се донесат, беше ставено предлог за
разрешување на досегашните директори, и избор на нови. 
Тогаш
имињата на новите директори не беа соопштени во предлог одлуката, туку на
нивните места беше оставен празен простор, што значи дека или не се избрани и
по таквите кадровски решенија се уште се трага, или тие се познати, но засега
се одлучило да останат во тајност.

“Жито Караорман” Кичево, како што ја опишале нивната
дејност на берзата, е една од водечките фирми во млинско пекарската индустрија
во земјава, која располага со најсовремени машини за производство на брашно,
леб и бели печива. „Жито Караорман“ е компанија која во изминатите
две години остварува солидни приходи од работењето и тоа во 2020 година имале
приход од 1,9 милиони евра, една година потоа приходите биле нешто пониски и
изнесувале 1,83 милиони евра, а во 2022 година се спуштиле на нецели 1,5
милиони евра. Но, на овие одлични приходи и одлична оперативна добивка во
изминатите години, чистиот профит на компанијата останува многу низок и
изнесувал лани 6,5 илјади евра, во 2021 година бил 4,1 илјади евра, додека во
2020 година изнесувал 6,8 илјади евра.

Во последнава година немало тргување со акциите на таа компанија,
а едниствената цека која се гледа е токму 615 денари, односно цената по која
помина блок трансакцијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy