
ВАЖНО ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА СМЕТКИ: Лимитот за поврат на ДДВ се зголемува
Граѓаните ќе добијат повеќе пари од скенирањето сметки. Повратот од Мој ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тримесечие.
Ова го најави лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на синоќешниот настан на партијата во Штип.
„Добра вест за луѓето во Македонија што скенираат фискални сметки. Сумата за поврат на ДДВ преку проектот Мој ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тримесечие“, кажа Ковачевски.
Оваа мерка е со цел да се намали сивата економија.