
ВАЖНО! Фишинг напади преку Booking – внимавајте, многу е тешко да се увиди дека е измама!
На социјалните мрежи се пријавуваат фишинг напади на популарната страница за резервации Booking.com.
Според информациите, веќе два месеци се случуваат овие напади, а тоа што е интересно е дека самиот изгледа како самиот Booking.com (или хотелите) да е хакиран, па така пораките не стигаат кај корисниците, туку кај напаѓачите.
„Важно‼️Ако користите Booking.com или ако знаете некој што сега има резервација: Веќе извесно време (најмалку 2 месеци) се случуваат Spear Phishing напади. Тоа што е интересно е дека изгледа како самиот Booking.com (или хотелите) да е хакиран. Пораките не се испраќаат на рандом корисници по mail туку напаѓачите имаат точни информации за тоа каде имате букирано и ве контактираат преку самата апликација и изгледа како да ви пишуваат од хотелот каде што сте букирале дека има проблем со плаќањето со инструкции за ново плаќање. Многу е тешко да се увиди дека е scam затоа што напаѓачите не би требало воопшто да имаат ваков пристап“, се вели во апелот за внимателност на Фејсбук.

