Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: МВР во соработка со ОБСЕ изготвува мобилна апликација со Прирачник за прв одговор при пријава за сторено семејно насилство
Македонија

Спасовски: МВР во соработка со ОБСЕ изготвува мобилна апликација со Прирачник за прв одговор при пријава за сторено семејно насилство

24/11/2023

AA

Денеска, (24.11.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на панел дискусијата „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, а во организација на Сојуз-национален совет за родова рамноправност.

Панел дискусијата беше реализирана во присуство на претставници од релевантни државни институции, меѓународни организации и национални граѓански организации во рамки на глобалната тема за 2023 година: „Да се вложиме заедно, да го спречиме насилството врз жените и девојчињата “ (UNITE! Invest to prevent violence against women and girls).

Министерот Спасовски одговарајќи на две прашања во рамките на панел дискусијата, потенцираше дека полицијата постапува по секоја пријава за родово базирано насилство врз жена и семејно насилство, како и тоа дека превенцијата е едно од клучните надлежности на институциите кога станува збор за овој вид насилство.

На прашањето кои програми се предвидени да се подобри обуката и едукацијата на стручниот кадар во МВР и другите институции што постапуваат во случаи на насилство, Спасовски истакна дека Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи, врши обука согласно две програми, односно Основна обука за полицаец и Континуирани обуки за вработени во Министерството.

„Согласно наставната програма за Основна обука за полицаец, предвидена е задача за учење „Постапување при семејно насилство (обезбедување на родово сензитивни услуги за поддршка на лица кои претрпеле семејно насилство), со 14 часа. Во наставната програма за Основна обука за полицаец, предвидена е и задача за „Родова еднаквост“ со 6 часа. Во однос на континуираните обуки на оваа тема, Центарот за обука со свои обучувачи учествува во нивна реализација, односно, најнапред би ја споменале Обуката за обучувачи за спроведување почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство. Согласно предвидениот план и динамика за спроведување на оваа обука, обуката се спроведува од страна на обучените обучувачи каскадно, на предвидените целни групи слушатели”, истакна Спасовски, дополнувајќи дека во соработка со Мисијата на ОБСЕ и надворешен експерт-консултант, минатиот месец отпочна со спроведување и на „Обука за одговор и полициско работење на родово базирано насилство“.

„За реализирање на оваа обука, веќе се обучени обучувачи од сите сектори на МВР на оваа тема, кои имаат задача со помош на Центарот за обука и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје каскадно, но целосно да ја спроведат обуката во своите сектори. Притоа, планирано е учество во оваа обука за сите полициски службеници”, рече Спасовски.

Во однос на тоа како е предвидено да се сензибилизираат службениците кои што директно работат со жртви на семејно и родово базирано насилство, Спасовски информираше дека во тек е реализација на иницијатива на МВР за потреба од изготвување на мобилна апликација со Прирачник за полициски службеници кои даваат прв одговор при пријава за сторено семејно насилство.

„Ова го работиме во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Виена. Што се однесува до фазата на реализација на овој проект, во моментов се формира Работна група, која ја сочинуваат претставници од Министерството за внатрешни работи, јавен обвинител и претставници од ОБСЕ, кои имаат задача да работат на материјалите и податоците кои ќе бидат содржани во Прирачникот на ова мобилна апликација. Во овој Прирачник треба да биде опфатено сето она што полициските службеници кои даваат прв одговор на жртвата на семејно и родово базирано насилство треба да го знаат при постапувањето, како практични чекори, а благодарение на мобилната апликација тоа знаење сублимирано во Прирачник, во секој момент ќе може да биде достапно за службеникот и како потсетник при постапувањето”, рече Спасовски, додавајќи дека Центарот за обука со поддршка на УНФПА учествува во организацијата на три тридневни обуки за родово базирано насилство, планирани за месец ноември и декември, а кои се наменети за вработени полициски службеници, за кандидати за Основна обука за полицаец и за претставници на Академијата за судии и обвинители и има за цел токму поттикнување на таа заедничка координирана акција во спречувањето и превенирањето на семејното и родово базираното насилство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе никне мега-парк

27/06/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со интензивно темпо продолжуваат работите за затворање на депонијата Вардариште, која со децении

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на економијата, безбедноста и евроинтеграциите

27/06/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари серија значајни билатерални средби на маргините на годинешниот „Дубровник форум“.

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност за граѓаните

27/06/2026

Дигиталната трансформација во Македонија веќе не е само теорија, туку испорачува конкретни резултати преку побрза администрација, електронски документи без чекање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy