
„ВАЖНИ СЕ САМО ОЦЕНИТЕ И ПАТИКИТЕ“: Родител со потресна исповед за децата во белградското училиште: Другарство речиси и да не постои, децата се натпреваруваат за глупости!
Објавата на социјалната мрежа на родител чие дете оди во основното училиште „Владислав Рибникар“ ги запрепасти сите.
До вчера К.К. (13) бил питомо момче во седмо одделение, одличен ученик од угледно семејство, школските другари го сметале за смирен и повлечен, момче кое не правело проблеми, но се истакнувало по примерното однесување.
Тој, пак, вчера зеде оружје и уби осум пријатели и еден обезбедувач и рани шест ученици, како и неговиот професор по историја.
Но, објавата на социјалната мрежа на родител чие дете го посетува основното училиште „Владислав Рибникар“ ги изненади сите.
Тој се пожали дека натпреварувачкиот дух кај децата е на ниво на глупост, а дека другарството речиси и да не постои. Важно е само кој какви оценки има и какви патики носи.

