Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева
Економија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

21/05/2024

AA

Многу битна вест денеска преку Берзата стигна до акционерите на успешната хотелиерска компанија „Македонијатурист“.

Имено, тоа акционерско друштво стартува со исплата на дивиденда за своите акционери, па затоа и се бара, сите кои ги немаат доставено податоците, тоа да го сторат во што побрз рок.

„‚Македонијатурист’ АД Скопје ги известува сите акционери иматели на обични
акции дека согласно Одлуката од 17 април 2024 година донесена на
Годишното Собрание на акционери, ќе почне да врши исплата на дивиденда за
2023 година.
Се повикуваат сите акционери со право на дивиденда за 2023 година, кои ги
немаат доставено своите податоци и трансакциски сметки потребни за исплата на
дивиденда, нив да ги достават на следниот начин: по електронска пошта на адресата: maktur@makedonijaturist.com.mk
или по пошта на адресата: Македонијатурист АД Скопје, ул.Филип Втори
Македонски бр.5, 1000 – Скопје“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.

Како што веќе пишуваше Фактор, „Македонијатурист“ е една од најредовните компании во исплата на дивиденда, а годинава на своите акционери компанијата ќе им подели 1,32 милиони евра бруто дивиденда. Нето дивидендата по акција изнесува 3 евра за акција и во споредба со лани е зголемена за речиси 50 отсто. Оваа компанија лани додели 120 денари дивиденда за акција.

Исто така, веќе пишувавме и дека, откако пред нешто повеќе од еден месец, преку берзанска блок трансакција беа продадени акции за над два милиони евра на хотелиерската компанија „Македонијатурист“, во петокот минатата недела повторно се случи голем акционерски трансфер. Имено, Берзата објави две блок трансакции со акции на „Македонијатурист“, кои исто така се на прилично значајни суми, и тоа првата на близу 717 илјади евра, а втората рамно на 150 илјади евра. Во првата блок трансакција се продадоа 7.167 акции на ова акционерско друштво, по цена од 6.150 денари за акција, со што вкупната вредност на зделката беше 716.700 евра. Додека, пак на втората трансакција поминаа 1.500 акции, по истата цена, што направи овој блок вкупно да тежи 150.000 евра.

Иако тоа се очекуваше, вчерашниот понеделник не донесе одговор на прашањето кој во петокот, но и пред еден месец, купи поголема количина акции од „Македонијатурист“. Вчерашната состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, која е рефреширана, што значи дека во себе ги содржи сите промени во акционерската структура кои се направени во минатата недела, повторно дава иста состојба за „Македонијатурист“. Односно, во таа хотелиерска компанија повторно има само тројца сопственици кои имаат над пет отсто од акциите, и тоа тие ги поседуваат истите проценти акции како и во петокот минатата недела, пред да се вкалкулираат и пакетите од блок трансакциите.  

Имено, и натаму најголем акционер во „Македонијатурист“ останува Доне Таневски, актулен претседател на Надзорниот одбор на компанијата и нејзин долгогодишен директор, кој, и во петокот, а и денеска, располага со истата количина акции, односно 19,59 отсто од акциите со право на глас. Втор по големина акционер, исто како и претходно, и денеска е Соња Бибановска, која исто така беше долгогодишна директорка, а поседува 11,27 отсто од акциите. И, трет акционер, кој и вчера остана со истиот процент акции,  е задолжителниот пензиски фонд со кој управува „Сава пензиско друштво“, со 8,8 отсто од акциите.

 „Македонијатурист“ има нешто повеќе од 600 акционери од кои најбројни се домашните физички лица. 

Сите овие акционери ќе добијат дивиденда согласно со процентот на своите акции кој го поседуваат во тоа акционерско друштво. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy