Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВАЖНА ВЕСТ ОД ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ, А ГИ ЗАСЕГА МАКЕДОНЦИТЕ: Рипа цената на одморот во Грција! Еве што поскапува и кои се новите цени
Регион

ВАЖНА ВЕСТ ОД ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ, А ГИ ЗАСЕГА МАКЕДОНЦИТЕ: Рипа цената на одморот во Грција! Еве што поскапува и кои се новите цени

24/11/2023

AA

Грчката влада има намера да ги зголеми туристичките даноци и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.

Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани, наместо досегашните 0,5 евра за ноќ, годинава ќе изнесува 1,5 евро, а данокот за ноќевања во хотели со пет ѕвезди ќе се зголеми од четири на десет евра за ноќ, јавуваат Сибиз портал (SEEbiz).

Мицотакис додаде дека приоритетите на овој фонд ќе бидат „најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочиме во иднина“, како и обезбедување финансиски средства за одбрана од климатската криза.

По разорните пожари во јули, а потоа и на крајот на август, кои опустошија повеќе од 150.000 хектари, Грција на почетокот на септември беше погодена од катастрофални поплави.

На Фејсбук страницата „Грција во живо“ неодамна беше објавено и колкав ќе биде новиот данок на туристите во Грција.

Така, за соби во апартмани наместо 0,5 евра по лице дневно, таксата ќе се зголеми на 1,5 евра. Тоа значи дека четиричлено семејство ќе треба да плати 60 евра за 10-дневен одмор во Грција, наместо досегашните 20 евра, само за туристичка такса за престој под кирија.

Туристичката такса за сместување во хотели со три ѕвезди ќе се зголеми на три евра на ден по лице, што едно четиричлено семејство ќе го чини 120 евра за 10 дена одмор.

Во хотелите со четири ѕвезди данокот ќе биде седум евра по лице дневно, па семејството што ќе одлучи да остане таму за време на одморот ќе треба да издвои 280 евра само за данокот.

Туристичката такса за сместување во хотели со пет ѕвезди ќе се зголеми од 4 на 10 евра дневно по лице, што значи дека четиричлено семејство ќе треба да издвои дури 400 евра, наместо досегашните 160 евра, за 10 денови на одмор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy