
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ШТО СЕ ИЛИ ЌЕ ОДАТ ВО СОЛУН: Паркирајте ги возилата на безбедно место, еве зошто!
На Фејсбук групата „Грција инфо“, осамна информација дека во Солун ќе има голем протест, па до туристите има апел да внимаваат каде ќе ги паркираат своите возила.
„ За сите членови кои утре во попладневните часови имаат намера да го посетат Солун треба да имаат предвид дека во 19 часот започнува протестот против воведувањето нови лични карти со чип (ист формат како нашиот). Поради ова, центарот на градот ќе биде парализиран. Во секој случај, дури и да сте во центарот, ставете ги вашите автомобили на безбедни места, кои се само гаражи. Ова ви го кажувам затоа што никој не може да предвиди дали ќе има инциденти или протестот ќе помине мирно“, пишува во апелот.

