Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“: Фон дер Лајен по одлуката на Трамп
Економија

„ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“: Фон дер Лајен по одлуката на Трамп

10/04/2025

AA

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп „да го паузира“ воведувањето на некои реципрочни царини за увозот од стоки од десетици земји за период од 90 дена, оценувајќи ја како „важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“. 

– Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија. Јасни, предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување – напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи.

I welcome President Trump’s announcement to pause reciprocal tariffs. It’s an important step towards stabilizing the global economy.

Clear, predictable conditions are essential for trade and supply chains to function.

Tariffs are taxes that only hurt businesses and consumers.…

— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) April 10, 2025

Таа го повтори ставот на ЕУ, кој и досега го има кажано, дека царините се даноци, кои само им нанесуваат штети на бизнисите и на потрошувачите.  

– Затоа постојано се залагав за договор за „нула за нула“ царини меѓу Европската Унија и САД. Европската Унија останува посветена на конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне трговија без тензии и во заемна корист , потенцира претседателката на ЕК. 

Фон дер Лајен додаде и дека Европа продолжува да се фокусира на диверзификација на своите трговски партнерства, ангажирајќи се со земји кои сочинуваат 87 отсто од глобалната трговија и ја споделуваат европската посветеност за слободна и отворена размена на стоки, услуги и идеи. 

– Конечно, ја засилуваме нашата работа за укинување на бариерите на нашиот единствен пазар. Оваа криза јасно покажа едно: во време на неизвесност, единствениот пазар е нашето сидро на стабилност и издржливост. Јас и мојот тим ќе продолжиме да работиме дење и ноќе за да ги заштитиме европските потрошувачи, работници и бизниси. Заедно, Европејците ќе излезат посилни од оваа криза – истакна Фон дер Лајен во објавата. 

Ваквиот развој на настаните следи откако земјите членки на ЕУ вчера донесоа одлука за воведување царини во висина од 10 до 25 проценти за увозот во Унијата на низа производи од САД, вклучувајќи и тутун, мотоцикли, живина, челик и алуминиум, како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум од Унијата во висина од 25 отсто. 

Иако претходно, се закануваше дека САД ќе ги прекинат трговските врски со ЕУ, доколку Брисел возврати на американските царини, Трамп сепак, вчера ненадејно реши „да го паузира“ воведувањето на некои од царините за период од 90 дена. 

– Одобрив пауза од 90 дена и значително ги намалив реципрочните царини од 10 отсто во тој период, информира Трамп, додавајќи дека оваа одлука не важи за Кина за чиј увоз најави и дополнителни царини. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово!

13/12/2025
Македонија

ЗИМСКО УТРО, СОНЧЕВ ДЕН Температурите ќе се искачат до 15

13/12/2025
Македонија

Шест ученици истепале двајца соученици во основното училиште ОУ „Дитурија“

13/12/2025
Македонија

Утре во функција ќе биде шестоседната жичара на Попова Шапка!

13/12/2025
Македонија

СКАНДАЛ ВО ШТИП И ВО КОЧАНИ Адвокатка и четворица полицајци

13/12/2025
Македонија

„Зимзоленд“ си работи без проблем, но и без одобрение –

13/12/2025
Македонија

ГОЛЕМ ИСЧЕКОР ВО ДЕТСКАТА ХИРУРГИЈА Комплексна операција за првпат изведена

13/12/2025
Македонија

Марш на ангелите во Кочани: Родителите на жртвите од „Пулс“

13/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38896
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово!

13/12/2025

Тешка несреќа се случила вечерва на патот Гостивар – Тетово. Засега нема информации за повредените лица. Сообраќајот се одвива отежнато.

ЗИМСКО УТРО, СОНЧЕВ ДЕН Температурите ќе се искачат до 15 степени

13/12/2025

Метеоролозите за утре нѐ информираат дека ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има

Шест ученици истепале двајца соученици во основното училиште ОУ „Дитурија“ во Сарај, се снимале па

13/12/2025

МВР со брза реакција, кривична пријава за насилство по инцидент пред ОУ „Дитурија“ Вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy