Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Васоски дебитираше со реми: Вардар и со играч повеќе и по две водства остана без победа (ФОТО)
Спорт

Васоски дебитираше со реми: Вардар и со играч повеќе и по две водства остана без победа (ФОТО)

23/08/2023

AA

И две водства, со 50 минути со играч повеќе беа недоволни за победничко деби на Александар Васоски на почетокот на својот втор мандат како кормилар на Вардар, па црвено-црните пропуштија голема шанза за прв сезонски триумф, после ремито 2-2 со Силекс попладнево во Маџари во вонредното и некомплетно четврто прволигашко коло.

Кристијан Ефтимов четири минути пред крајот на мечот ги шокираше вардарци со голот после првиот корнер на кратовци, откако Милош Николиќ прво погоди дирек по центаршутот, а на одбиената топка неговиот соиграч го матира Филип Гачевски.

Вардар имаше две водства, првото по гол од пенал на Дарко Мицевски кога Арсим Љамалари беше исклучен за стартот за најстрога казна врз Азер Омерагиќ, а откако Дарко Анѓелески со убав шут од 20 метри израмни во 52-та, Давид Велковски одговори со втор гол за црвено-црните.

И кога сѐ изгледаше дека Вардар ја контролира играта, а Дарко Глишиќ промаши зицер, 15-на минути пред крајот со одлична одбрана на Дејан Божиновски ги спаси кратови, ги остави во мечот и на крај четата на Горазд Михајлов се избори за бод.

Васоски денеска дебитираше, се врати на кормилото после неполни три години откако замина од клубот, а ова беше деби и за новиот спортски директор Ѓоко Хаџиевски, исто така легенда на Вардар и поранешен тренер, но допрва овој нов двоец ќе треба да го издигне најголемиот макеоднски клуб од дното.

Вардар го освои првиот сезонски бод, но сега е последен на табелата откако Гостивар го победи Работнички со 2-0 за свои први бодови и прв триумф сезонава после три порази. Бившиот турски репрезентативец Алпер Потук даде гол за водство уште во 12-та минута, а десет минути пред крајот Ремзифаик Селмани ја дуплираше предноста и обезбеди победа.

Шкендија еден час се мачеше со Брегалница, преживеа зицер на Колин Андерсон пред крајот на првиот дел, за потоа Агансспахиќ и Бруно Дита во последната третина од мечот со два гола да им донесат трет триумф на тетовци за максимални 9 бода од трите досегашни одиграни меча.

Скопската пресметка во Ѓорче Петров помеѓу Македонија ЃП и Шкупи заврши без победник и без голови.

Ова коло свое продолжение има утре со пресметката на Брера и Тиквеш во Струмица, а ќе заврши на 27 септември за кога е одложен мечот на Воска Спорт со првакот Струга, поради европскиот плејоф на стружани, кои веќе имаат еден меч за доигрување од второто коло со Шкендија.

ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО

Вардар – Силекс 2-2 (1-0)

Мицевски 40 п., Велковски 60 – Анѓелески 52, Ефтимов 86

Македонија ЃП – Шкупи 0-0

Гостивар – Работнички 2-0 (1-0)

Потук 12, Селмани 80

Шкендија – Брегалница 2-0 (0-0)

Аганспахиќ 62, Дита 90+7

УТРЕ

Брера – Тиквеш

НА 27 СЕПТЕМВРИ

Воска Спорт – Струга

ТАБЕЛА: Брера 9 (-1), Шкендија 9 (-1), Тиквеш 6 (-1), Работнички 6, Брегалница 6, Силекс 5, Шкупи 5, Струга 3 (-2), Македонија ЃП 4, Воска Спорт 3 (-1), , Гостивар 3, Вардар 1.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy