
ВАСКО КОВАЧЕВСКИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЕСМ ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЌЕ МУ СЕ ПОСВЕТИ НА СЕМЕЈСТВОТО – Васко Стефанов е нов директор на државните електрани
Прермиерот Димитар Ковачевски на заедничката пресконференција со Васко Ковачевски соопшти дека првиот човек на ЕСМ поднел оставка од лични причини.
Тој оваа одлука ја донел уште пред енергетската криза, со цел да му се посвети на своето семејство
Васко Стефанов ќе биде нов директор на државните електрани, кој бил директор на Пошти, во Водостопанство и на високи менаџерски позиции во приватниот секторво приватен сектор.
Премиерот Ковачевски од срце му се заблагодари на екс директорот Ковачевски, кој до него утрово ја депонирал оставката, за успешниот ангажман во АД ЕСМ и успешното менаџирање со енергетската криза, кога ни една од компаниите не била оставена на цедило.
Премиерот соопшти и дерка одлуката на Ковачевски била донесена уште пред почетокот на кризата, но на барање на премиерот и други чинители, останал на позицијата, за со текот на енергетската криза да управува токму тој менаџмент тим.
Оставката е денеска прифатена усно, а утре ќе се поднесе писмено и ќе биде прифатена, по што ќе стартува со работа новиот директор.