Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Васил Јованов бара Апелација да му ја намали казната – имал грижа на совест
Магазин

Васил Јованов бара Апелација да му ја намали казната – имал грижа на совест

06/10/2025

AA

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава со која Васил Јованов беше прогласен осуден на казна затвор  од 12 години, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Обвинителството бара преиначување на казната и Васил Јованов da биде осуден на повисока казна затвор, додека одбраната бара нејзино намалување. 

Во судница беше присутен и Васил Јованов, спроведен од Затвор Скопје, кој уште еднаш изрази каење за делото. 

-Уште еднаш сакам да изразам најдлабоко каење и искрено сочувство на семејството на загинатата. Голема грижа на совест имам за тоа што се случи и болката што ја предизвикав, изјави Јованов.

Судијката известител за предметот, Александра Ристовска информираше дека до Судот по предметот е стигната жалба од ОЈО Скопје за висината на казната, со барање за повисока казна затвор, како и дека жалба на пресудата има и Васил Јованов, преку неговиот бранител, со барање за преиначување на казната со поблага или да ја укине и врати на повторно постапување.

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, рече дека бара жалбата на одбраната да ја одбие како неоснована и жалбата на ОЈО да се уважи, а казната да се преиначи и Васил Јованов da биде осуден на повисока казна.

– Жалбите се неосновани. Дополнително и без таа правосилна пресуда која не постоела за време на носење на одлуката, но која постои во овој момент, неспорно е образложението на Судот дека обвинетиот наместо да се свести за последиците, тој седнува зад волан, без возачка, под дејство на алкохол и на црвено удира во пешакот Фросина Кулакова. Дополнително во текот на првостепената постапка наоѓам дека судот правилно ја утврдил вината за делото, но негативно во висината на казната затвор, изјави Фетаи.

Во однос на наводите на одбраната на казнената политика на судовите на апелационо подрачје Скопје, Фетаи рече дека е неоснована, со оглед дека секоја пресуда е сама за себе, како и дека со оглед на степенот на зачестеност и тежината на ваквите дела и те како е потребно нејзино корегирање.

– Со вакви возачи, што не почитуваат ниту едно сообраќајно правило никој не се чувствува безбедно. Дополнително, со тоа што против обвинетиот има и други предмети за прекршоци во сообраќајот, што покажува дека обвинетиот не се одвратил од повторување на делото и тоа не влијаело на ревидирање на неговото однесување, туку напротив продолжил со несмален интензитет. Неспорно казната требало и треба да гравитира во горната граница, рече Фетаи.

Бранителот на Васил Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, на денешната јавна седница пред Апелациониот суд Скопје побара намалување на казната за Васил Јованов или враќање на предметот на повторно постапување поради суштествени повреди во постапката. 

-Да кажам за институтот на признание на вина, тоа се дава за некоја цел – да се избегнат големи и долги судења, да се стави до знаење на сторителот дека криминалот не се исплати и секако да има некаква олеснителна околност за обвинетиот. Секаде во светот е тоа така. Ве молам, видете го доказот видеото неколку минути по настанот, за да процените дали неговото каење е искрено или од страв за запретената казна. Признанието на вина е искрено и категорично каење, изјави Дуковски.

Според Дуковски, пресудата е донесена на 7 мај 2025 и во тој момент друга правосилна пресуда против Васил Јованов нема и не може да биде отежнителна околност.

-На моментот на носење на пресудата Васил Јованов е неосудувано лице и крај, и судот мора да внимава на тоа по службена должност. Второ, првпат во кариерата гледам четворица законски застапници и едно лице во својство на оштетено лице. Се поставува прашањето врз основа на кој статус и факт на лицето Филип е дадено својство на оштетено лице. Ова го кажувам од аспект на малициозниста на првостепениот суд, изјави Дуковски.

Дукоски, исто така, на Судот му укажа особено внимание да посветина доказот – известување од Основниот суд од 26 февруари 2025, на кое тој поднел жалба, но Судот не одговорил, посочувајќи дека обвинителниот акт е подигнат на 27 март, месец дена подоцна.

-Во пресудата нема ниту еден збор за тоа. Ниту дали се одбива или не. Ова е многу интересно, што дотогаш нема ништо против Васил Јованов и на 7 февруари се поднесуваат сите прекршоци против Васил Јованов. Пресуди може да бидат, но не може известување за колку постапки се водат против некого да бидат основ на отежнителна околност. Дадени се само со цел да се претстави Васил Јованов како што е претставен, изјави Дуковски.

Дуковски, исто така, укажа и на пресудата на Апелација за Ангелчо Николов од Велес, која е преиначена и намалена на осум години. 

– Ангелчо Николов има два престапи повеќе од Васил Јованов. Го напушта местото и се пријавува два дена подоцна и нанесува телесни повреди на мајката на девојчето. Другото е исто, без возачка и под дејство на алкохол, рече Дуковски.

Дополнително, статистички во Европа за вакви дела највисоката казна е осум години. -Се согласувам дека треба да се преземат мерки. Но, не може точно од овој предмет да се гради нова судска пракса. Што ќе биде со претходните, изјави Дуковски.

Според Дуковски, отежнителна околност не може са биде и тоа што настапила смрт, со оглед дека делото за кое се гони е за најтешко сообраќаен прекршок со смртни последици.

-Од сите овие причини и искреното каење на обвинетиот, предлагам овој суд да интервенира во однос на казната, изјави Дуковски.

Основниот Кривичен суд Скопје на 13 мај годинава му изрече казна затвор  од 12 години на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Судијката Снежана Марковска, на објавувањето на пресудата во Основниот кривичен суд Скопје рече дека како олеснителни околности Судот ги ценел признанието на вина и чувството на вина, како и свесноста за степенот на кривичното дело што го сторил и последиците, возраста и немањето доволно искуство, поранешениот живот – активен студент и спортист и неговото однесување по сторувањето на делото,  додека како отежнителни интензитетот на дејствијата и прекршување на голем број бланкетни норми од Законот за сообраќај, како и степенот на опасност од предизвикување на ова дело и тоа што обвинетиот е претходно осуден на казна затвор од три години и десет месеци за недозволена трговија со дрога и фактот што против него пред судот се отворени уште неколку постапки за поминување на црвено и загрозување на животот на пешаците и целосно игнорантскиот однос кон нив. Особено како отежнителна околност судот ја цени загубата на еден млад живот, што најмногу ја чувствуваат родителите и семејството.

Врз основа на тоа и на признанието на вина Судот ја одреди следната пресуда: „Обвинетиот Васил Јованов е виновен затоа што без возачка, на црвено, под дејство на алкохол поминал на пешачки и удрил во пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло, и од кои се здобила со тешки повреди од кои на лице место настапила смрт. Судот го осудува на казна затвор од 12 години, во кое му се засметува и времето поминато во притвор, забрана за управување со возило од пет години и да плати парична казна и трошоци за судската постапка“.

Фросина Кулакова од Неготино на 29 јануари годинава беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје. Дваесет и двегодишната девојка беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој, според обвинителството, возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy