
Вархеј за Македонија: Од клучна важност се уставните промени, загрижува големиот број на случаи со корупција
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј потенцираше дека Македонија мора да ги направи реформите во секторите кои се потенцирани како слаби во новиот извештај. Вели дека најмногу европските челници ги загрижува високото ниво на корупција, но дециден е дека без уставни промени нема напредок во Евроинтеграциите.
„Нашата цел е да го отвориме првиот кластер, пред крајот на годината со Албанија. За Северна Македонија, власта јавно кажуваат дека се подготвени за напредок кон европскиот пат и сега откако помина пристапниот процес, сега мора да се забрза процесот на реформи кон ЕУ. Големиот број на случаи на корупција, тоа е нешто што загрижува. Решавањето на корупцијата, треба да се постигне добар резултат во истрагите и судење за висока корупција. Тоа е од клучна важност. Неопходни се уставните промени, сите партии треба да ја дадат поддршката. Тоа е Северна одлука на Северна Македонија но тоа ќе ги зацврсти основните права“, изјави Оливер Вархеј денеска во Брисел.
