
Вардар се прошета кај имењакот од Неготино
Домаќините беа рамноправни во воведниот дел од натпреварот иако скопски Вардар отвори со серија од 3-0. Тимот од Неготино се врати во егал, се бореше до 11-10 за гостите, а потоа тие почнаа да се одлепуваат. На полувреме фаворитот водеше со 17-12.
Во второто полувреме скопски Вардар додаде гас, направи серија од 8-1 и го остави без било каква мисла за изненадување имењакот од Неготино. Конечниот резултат беше 35-22.
Најдобар стрелец кај Вардар беше Ќосевски со осум гола, Родригез постигна седум. Кај Вардар од Неготино, Адамовиќ постигна девет голови.
