
Вардар се излеа кај село Раотинце (ВИДЕО)
Зголемениот водостој на реката Вардар попладнево поплави делови од село Раотинце. Според информациите на Центарот за управување со кризи, поплавени се неколку куќи и објекти.
ЦУК известува дека пртседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви и површина се поплавени и куќи од селото (околу 15). Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на с. Раотинце.
Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото.
