
Вардар неочекувано тешко го совлада Пролет – се потеше до 55. минута!
Мечот кој требаше да биде рутинска победа на Вардар, се претвори во неизвесен во кој беше добиен во самиот финиш од натпреварот.
Во првото полувреме Вардар водеше во поголем дел, но на крајот со серија од 4-0, Пролет отиде на полувремето со водство од 8-6.
Вториот дел беше значително поефикасен, Пролет го држеше водството до 55. минута, беше 17-16, кога Вардар притисна во финишот и дојде до победа од 21-20.
Најефикасен во составот на Вардар беше Јасихура со шест голови, Срдановиќ постигна пет. Кај Пролет најдобар беше Андреј Стојановски со пет погодоци.