Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вардар најде лек за октоподот Галевски и оди во финалето од Купот!
Спорт

Вардар најде лек за октоподот Галевски и оди во финалето од Купот!

31/05/2025

AA

Екипата на Вардар по голема драма и пенали откако во регуларниот дел резултатот беше 28-28 се пласираше во финалето од Купот на Македонија каде што ќе го чека подобриот од средбата помеѓу Охрид и Пелистер.

Почетните минути му припаднаа на тимот од Автокоманда кој поведе со 1-4, нo потоа следуваа неколку одбрани на голманите и на двете страни, а Вардар со два гола успеа да дојде до 3-4. Алкалоид на истекот од дессеттата минута одново поведе со два гола разлика (3-5).

Во минутите кои следуваат Алкалоид одново беше подобриот тим на теренот, додека на Вардар не му помогна премногу и исклучувањето на Никола Маркоски во 14-тата минута кое беше прво на средбата. По водството на „сино-белите“ од 4-8 во на половина од првиот дел тренерот Милано го побара и првиот тајм-аут на средбата.

Вардар го искористи следниот напад и намали на три разлика за тогаш правото на на тајм-аут да го искористи и Кире Лазаров на спротивната страна.

Од советите на двајцата стратези повеќе корист имаа ракометарите на Вардар кои ја намалија негативата и во последните десет минути од првиот дел дојдоа до „минус еден“ (8-9). Беше Вардар неколку пати блиску до израмнување, меѓутоа до крајот на првиот дел Алкалоид ја одржуваше предноста од еден или два гола разлика, па так на одмор избраниците на Лазаров имаа водство од 13-14.

Вардар стигна до изамнување на стартот од вториот дел кога на семафорот стоеше 15-15, но Алкалоид не дозволи „црвено-црните“ да имаат напад и за водство, па во следниот напад ја врати предноста поведувајќи со 15-16. Следуваа минути во кои или се играше гол за гол или двете екипи ги промашуваа своите напади, па во завршните 20 минути Алкалоид и понатаму ја чуваше предноста од еден гол (19-20).

Неизвесноста и тесниот резултат продолжи и во наредните минути, а Вардар и покрај одличниот Галевски сепак успеа да дојде и до водство од 25-24 во 50-тата минута.

Поведе Вардар на пет минути пред крајот за првпат на средбата и со два разлика (25-27), меѓутоа Алкалоид не се откажа и со серија од три гола повторно го врати водството кое го имаше во најголемиот дел од средбата (27-28).

Последните две минути од средбата донесоа вистинска драма. Прво Галевски одбрани удар на Борозан, а Алкалоид не искористи напад за плус два за потоа Срдановиќ да израмни. За последниот напад на натпреварот Алкалоид имаше десет секунди кои не се покажаа како доволни за реализација, па одлучуваа пеналите каде што Вардар беше подобар.

За Вардар во пенал рулетот не погоди само Пинто, додека кај Алкалоид не реализираа Георгиевски и Митев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy