
Вардар го прегази Бутел, Манасков за полувреме даде 11 гола
Бутел беше близу првакот само до 9-7 за црвено-црните на средина од првиот дел, а потоа до крајот на полувремето успеаа да дадат само еден гол, додека Вардар со седум дојде до огромни 16-8 и веќе беше јасно кој ќе победи, а во вториот дел шампионот не запре, туку класично го прегази ривалот.
Дејан Манасков уште во првиот дел даде 11 гола од вкупно 16-те за Вардар, а Куни Моралес со шест, Дутра и Ќосевски додадоа уште четири како најефикасни во тимот.
Јефтиќ со пет и Мартин Манасков со четири беа први имиња во Бутел.