
Вардар – Ц. Звезда ќе играат хуманитарен меч на 16 април во Скопје!
ФК Вардар доцна вечерва објави дека извршниот директор Миленко Неделковски и генералниот директор на Ц. Звезда, Звездан Терзиќ, се договориле за хуманитарен натпревар, а собраните средства ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
Двете екипи треба да го потпишат договорот во текот на утрешниот ден, а посредник при договарањето бил поранешниот македонски фудбалер Илија Најдоски.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени и пренесени на лекување во болница.