
Вардар без мака го надигра Бутел
Вардарци беа во одличен ритам од самиот почеток на натпреварот, па набрзо стигнаа до водство од 9-2, но Бутел почна да се буди и до полувреме намали на 9-13.
Домаќините во вториот дел продолжија да ја контролираат средбата и без проблеми стигнаа до победа од 26-20.
Најдобар во победничкиот тим беше Марко Срдановиќ со шест голови, додека Бојан Спасовски постигна шест погодоци за Бутел.
