
Ванковска и Јакимовски блиску до целта
Откако Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски ги собраа потребните 10 илјади потписи за претседателските кандидатури, уште двајца од претендентите се на чекор од нив.
Блиску до целта се Ванковска од „Левица“ и Јакимовски од ГРОМ. Грковска побара функционерите да ги раздвојат државните од партиските активности.
Крајот на трката е 8-ми март, тогаш ќе се знае кој продолжува во новата трка, тогаш за претседател на Македонија.
Потенцијални кандидати за претседател во моментов има 13.
Викендов СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат закажано конференции на кои ќе ги потврдат веќе јавно познатите кадидати Стево Пендаровски односно Гордана Силјановска Дафкова.
Иако официјално не е започната изборната кампања, сепак секојдневно сме сведоци на агитација кај гласачите. Денеска за ова предупреди и вицепремиерката за добро валдеење Славица Грковска која порача државните функции да не се мешаат со партиските.
Инаку во тек е проверка на избирачкиот список, секој граѓанин тоа може да го направи онлајн или пак во канцелариите на Државната изборна комисија.
