Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ВАН ХОЛ“ ДОБИ НОВИ СОПСТВЕНИЦИ – договорено е производството да премине во холандската ВДЛ и германскиот „Шмиц Каргобул“
Економија

„ВАН ХОЛ“ ДОБИ НОВИ СОПСТВЕНИЦИ – договорено е производството да премине во холандската ВДЛ и германскиот „Шмиц Каргобул“

11/04/2024

AA

Познатата компанија за производство на автобуси „Ван Хол“, од Белгија, која изминатиов период се соочи со турбуленции и со банкрот, ќе биде преземена од холандската ВДЛ и германскиот „Шмиц Каргобул“.

Како што е објавено од белгиската државна фламанска телевизија ВРТ, ваквата одлука е донесена на синоќешниот состанок на стечајните управници на „Ван Хол“, на кој биле отфрлени останатите доставени понуди за преземање на компанијата, кој има свој погон и во ТИРЗ „Бунарџик“ кај Скопје.

Одлуката е донесена откако членот на Управниот одбор на холандскиот производител на автобуси ВДЛ, Ролф-Јан Цвеип се заканил дека неговата компанија ќе ја повлече понудата, доколку до истекот на вчерашниот ден не биде решено кому ќе биде продадена „Ван Хол“. 

Според донесената одлука, БДЛ ќе ги преземе погоните на „Ван Хол“ за производство на автобуси и тролејбуси, додека германскиот производител на приколки „Шмиц Каргобул“ заедно со неговиот јужноафрикански партнер ГРВ ќе стане сопственик на фабриките за индустриски возила на белгиската компанија. 

– Среќни сме што можеме да направиме брз рестарт заедно со „ВДЛ Груп“ и „ГРВ/Шмиц Каргобул“, се наведува во соопштението на стечајните управници на „Ван Хол“ објавено по синоќешниот состанок. 

Интерес за преземање на „Ван Хол“ пројави и белгискиот бизнисмен Гвидо Думари, кој настапи заедно со американската компанија „АБЦ“, која со децении е задолжена за пласман на автобусите на белгискиот производител на пазарот во САД, но неговата понуда беше одбиена, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според еден од стечајните управници на „Ван Хол“, Јерун Поној, доколку била прифатена и понудата на Думари, тогаш ќе требало да се оди на наддавање за избор на идниот сопственик, со што би се изгубиле најмалку шест недели. 

– Тогаш и производството и дистрибуцијата ќе западнеа во целосен застој. Тоа би ја уништило вредноста на компанијата, ќе имаше негативни последици по вработувањето, а клиентите ќе продолжеа да чекаат, нагласи Поној.  

Во такви услови, според него, некои работници би можеле да ја напуштат фирмата, која и онака се соочува со недостиг на стручен кадар, што би го отежнало реструктуирањето на компанијата. 

– Постоеше ризик да се откажат инвеститорите кои се уште беа заинтересирани, додаде Поној. 

Согласно планот за преземање, до понеделник „Ван Хол“ треба формално да згасне, по што ќе биде преземен од холандско-германскиот тандем. 

„Шмиц Каргобул“ ќе продолжи да произведува приколки во фабриката на „Ван Хол“ во белгиското место Конингсхојт, а планира и да изгради нов погон на таа локација. 

ВДЛ, пак, ќе ги преземе погоните за производство автобуси и делови за автобуси на „Ван Хол“. 

Новите сопственици се обврзуваат да задржат меѓу 650 и 950 од сегашните вработени, но најавуваат дека ќе има нови вработувања на долг рок. 

Во понеделникот, интернет изданието на белгискиот весник „Соар“, повикувајќи се на извори во синдикатот во „Ван Хол“, објави дека на средба на синдикалните претставници и на раководството на компанијата било договорено да бидат отпуштени меѓу 1550 и 1850 од околу 2500-те работници, со што вкупниот број на вработени би се намалил на меѓу 650 и 950. 

Синдикалните претставници во изјава за „Соар“ порачаа дека сакаат новите сопственици на компанијата „првенствено да водат сметка за зачувување на работните места“. 

– Не би сакале сценарио каде што купувачот е заинтересиран само за преземање на технологијата, брендот и клиентите, посочија од синдикатот во понеделникот.  

„Ван Хол“ е семејна компанија за производство на автобуси, тролејбуси и приколки основана во 1947 година. Фирмата има околу 4.100 работници во ширум светот, од кои најголемиот дел се во нејзините погони во Конингсхојт и во Скопје. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy