
Ван Дајк кон судијата: Да не си пијан? (ВИДЕО)
Зачуден од неколку одлуки на главниот судија Крис Кавана, Холанѓанецот беше фатен од камерите како му се обраќа на чуден начин.
„Да не си пијан?“, му гестикулира и го прашува Ван Дајк првиот арбитар на големото дерби на водечките две екипи на табелата во Премиер лигата.
Интересно е тоа што Ван Дајк остана несанкциониран за ваквиот начин на комуникација за што веројатно главната причина е тоа што е капитен на својот тим.
