
Валенсија првпат победи годинава и побегна од зоната за испаѓање (ВИДЕО)
Поранешниот шпански првак до триумфот дојде без неговите играчи да постигнат гол, бидејќи нивната „обврска“ ја заврши гостинскиот централен дефанзивец Зубелдија, кој си даде автогол. Валенсија немаше победа во првенството уште од 10 ноември минатата година, што значи по речиси три и пол месеци пауза, ова беше нивна прва радост.
Сосиедад по овој неуспех остана на третото место со 43 бодови, а Валенсија, која беше претпоследна на табелата, сега има 23 бодови и е на 17. место, последно кое носи опстанок.