
Валенсија без Димитриевски поразена од Барселона (ВИДЕО)
Валенсија беше прва која стигна до предност и тоа во 44. минута со голот на Дуро. Судијата во прв момент го поништи голот, но по реакција на ВАР беше јасно дека Дуро не е во недозволена позиција, па голот со право беше признат.
Барселона сепак не дозволи со негатива да замине на паузата и во петтата минута од судиското продолжение во првото полувреме дојде до израмнување, Јамал беше асистент, а топката во мрежата ја смести Левандовски.
На самиот старт од второто полувреме Барселона доби пенал од кој Левандовски го постигна вториот гол на средбата. До крајот на средбата резултатот не се промени, па Барселона беше таа која се радуваше.
Maкедонскиот голман Столе Димитриевски остана на клупата во овој натпревар и предност доби Грузиецот, Мамардашвили.
Goal Valencia! Hugo Duro scores and gives them the lead against Barcelona, 1-0!!pic.twitter.com/jydXq9gPW2
— 𝑾𝒆𝒔𝒍𝒆𝒚³³ (@CFCFofana) August 17, 2024
🎥 FC Barcelona Goal
⚽️ Lewandowski
— Barça Spaces (@BarcaSpaces) August 17, 2024
