
В понеделник избор на нов министер за здравство!
Собранието на Македонија во понеделник, на 9 јуни 2025 година, ќе одржи седница на која ќе се избира нов министер за здравство, како и заменици-министри во Министерството за земјоделство и Министерството за одбрана.
Седницата, која е педесет и четврта по ред, е закажана за 11:00 часот во салата „Македонија“.
Очекувањата се дека на дневен ред ќе се најдат предлозите на новата Влада за пополнување на овие клучни позиции во извршната власт.

