Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вјоса Османи го обвини Вучиќ дека го спроведува планот на Путин
Регион

Вјоса Османи го обвини Вучиќ дека го спроведува планот на Путин

04/09/2023

AA

Не смееме да дозволиме Вучиќ да го спроведе планот на Путин, вели косовската претседателка Вјоса Османи. 

Таа ја обвини Србија дека има за цел да спроведе дестабилизирачки план на Западен Балкан, сличен на оној што, како што рече, Русија го спроведе во Украина во 2014 година. Османи, која престојуваше во официјална посета на Албанија, изјави дека сите демократски држави во регионот не треба да дозволат реализација на овој план.

„Ситуацијата на северот не го влоши косовско-српскиот дијалог. Србија е таа која секогаш ја влошува ситуацијата во нашиот регион преку чести напади на Косово. Нема недела, а некој од Србија да не ги напаѓа косовските полицајци кои се на територијата на Косово. Со строго спроведување на планот што Путин го спроведе во 2014 година против Украина, Вучиќ и Србија имаат за цел да го дестабилизираат целиот Западен Балкан, и преку дестабилизација на нашиот регион да гo нападнат системот на вредности на кои сe ЕУ и НАТО“, изјави Османи.

Од друга страна, албанскиот претседател Бајрам Бегај рече дека „Албанија силно ги поддржува аспирациите на Косово за евроатлантска интеграција“, додавајќи дека „никој не треба да се прашува зошто Косово е национален приоритет на Албанија“.

ЕУ бара избори во северно Косово. 

„Важно е што поскоро да се организираат локални избори на северот на Косово, на кои Србите ќе учествуваат без никакви предуслови“, изјави портпаролот на Европската унија, Петер Стано, јави дописникот на МИА од Белград.

Претходно, Србите бојкотираа и победија градоначалници од албанска националност што создаде криза на Косово. 

foto Facebook/Vjosa Osmani

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy