
В четврток последна пленарна седница на овој парламентарен состав
Во четврток (28 март) ќе се одржи последната пленарна седница на овој парламентарен состав .
На дневен ред на оваа седница закажана се пет точки:
-Дополнетиот предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите
-Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител,
-Дополнет предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, сите во второ читање
-Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето.
Претстојните изборни циклуси се редовни, а Собранието останува функционално и при некаква итна потреба може да закаже седница.
Овој парламентарен состав се случи да работи во услови на Ковид пандемијата, кога имаше ограничување и други посебни услови за работа.