
Уживајте уште денеска во сонцето! Од утре невреме со дожд, грмежи, ветер…
До утре до пладневните часови ќе се задржи претежно стабилно. Утре попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Претежно во североисточните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. UV=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови и со слаб до умерен северен ветер.

