
Ужасни вести: На австриски репрезентативец му е откриен рак
Менхенгладбах официјално ја обелодени веста и соопшти дека Лајнер неколку месеци ќе биде надвор од стројот и ќе се лекува.
„Австрискиот репрезентативец во следните неколку месеци ќе биде на лекување. Ракот е откриен многу рано и може да се лекува. Екстремно е голема шансата дека потполно ќе оздрави и дека ќе се врати во нормалниот живот, а исто така многу веројатно е да продолжи и со фудбалската кариера. Ќе направиме сѐ што е возможно за да му осигураме најдобро можно лекување на Стефан. Му посакуваме на него и на неговото семејство многу сила и оптимизам во борбата против оваа болест“, објавија од Менхенгладбах.
Лајнер во Менхенгладбах дојде во 2019 година од Салцбург, а за Австрија има 38 настапи.
Тој е втор австриски репрезентативец кој во краток период се соочува со животна битка против ракот, зашто на неговиот колега Хајнц Линднер (32) неодамна му беше дијагностициран рак на тестиси.