Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА ДЕВОЈКА Се изживувал 15 часа во заклучена соба!
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА ДЕВОЈКА Се изживувал 15 часа во заклучена соба!

21/02/2026

AA

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, извршил семејно насилство, така што ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка, се вели во информацијата од ЈО.

Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.

Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три

21/02/2026
Македонија

СЕ ЗАПАЛИ ПЛИНСКА БОЦА, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА

21/02/2026
Македонија

Автопатот Гостивар-Букојчани готов до 2029 година – експропријацијата речиси завршена

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: 21-годишник крвнички ја претепал и ја

21/02/2026
Македонија

ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ: Се запали плинска боца во

21/02/2026
Македонија

ГО ВНЕЛЕ ВО КУЌА, ГО ТЕПАЛЕ И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ

21/02/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СТАВИ ТОЧКА НА ШПЕКУЛАЦИИТЕ: Нема предвремени избори, фокусот е

21/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41752
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три бода во натпревар кој заврши

21/02/2026

Фудбалерите на Вардар запишаа минимална, но значајна победа од 1-0 против екипата на Башкими во рамките на 19. коло од

СЕ ЗАПАЛИ ПЛИНСКА БОЦА, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ Вработените во локалот спречија поголем

21/02/2026

Помал пожар избувнал во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани, откако се запалило црево поврзано

Автопатот Гостивар-Букојчани готов до 2029 година – експропријацијата речиси завршена

21/02/2026

Градежните работи на автопатската делница Гостивар-Букојчани, која е клучен дел од Коридорот 8, се одвиваат со силно темпо. Според најавите

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy