
УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: 21-годишник крвнички ја претепал и ја држел заклучена својата бремена девојка
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Свети Николе поднесе обвинение против 21-годишно момче за стравичен случај на семејно насилство. Тој се товари дека брутално ја претепал и противправно ја лишил од слобода неговата бремена девојка со која живеел во заедница.
Според обвинението, хоророт се случувал на 19 и 20 февруари во нивната семејна куќа во Свети Николе. Насилството ескалирало во неколку фази:
Поради тежината на делата кои се квалификувани според член 130 став 2 и член 140 став 2 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата доставил предлог за определување мерка притвор.
Дополнително, врз основа на исказот на жртвата, истражните органи вршат проверки за евентуални претходни дејствија на злоупотреба и тортура од страна на обвинетиот кон истата оштетена.
