
УЖАС ВО СКОПЈЕ: Вработена во маркет истепана и прободена со нож од крадци!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.А.(20) и С.Е.(32), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Пријавените, физички нападнале и со остар предмет нанеле повреди на вработена во продажен објект во Скопје, по што од објектот одзеле пари.
