Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОГАТИНОВСКИ ОД „ТЕЛЕКОМ“: Дигитализацијата не е моден тренд, туку насушна потреба на бизнисите да бидат конкурентни
Економија

БОГАТИНОВСКИ ОД „ТЕЛЕКОМ“: Дигитализацијата не е моден тренд, туку насушна потреба на бизнисите да бидат конкурентни

23/01/2024

AA

Дигитализацијата не е моден тренд, колку и да е експлоатирана како термин последниве две години. Таа е насушна потреба на бизнисите и на институциите за да бидат конкурентни и да креираат квалитетни услуги за корисниците и за граѓаните. Со воведување дигитални процеси во организацијата се оптимизира работата, се овозможува следливост на оперативните задачи, се обезбедува можност да се мери ефикасноста и да се автоматизира производството. Во однос на надворешниот свет, компанијата или институцијата станува видлива во дигиталниот простор, им овозможува е-услуги на корисниците и континуирано ги известува за нив преку различни комуникациски канали, ги промовира своите продукти, обезбедува дигитални трансакции 24/7 итн, објаснува Марјан Богатиновски, главниот комерцијален директор за деловни корисници во Македонски Телеком.

Како што е познато, дигитализацијата влегува во сите сфери на животот и на работата на современиот човек, ги редефинира бизнисите, го менува целото општество − паметни градови, работење на облак, автоматизација, нов начин на функционирање и поглед на светот. Таа е глобален тренд, а решава и бројни предизвици. 

Богатиновски објаснува дека во последниве години светот и нашиот регион се соочија со големи предизвици, како што се економски кризи, пандемија, раст на цената на енергентите, иселување на стручната работна сила, безбедносни закани, загадување на воздухот и недостиг на водни ресурси. Дигитализацијата дава ефикасен одговор на голем број од овие предизвици.

„Дигиталните решенија на Македонски Телеком овозможуваат вработените да работат од дома или хибридно, што беше од исклучително значење во времето на пандемија, но и денес кога сме во постојана потрага за идеален баланс меѓу работата и приватниот живот. Понатаму, тие даваат можност за далечинско мерење и оптимизација на потрошувачката на електрична енергија. Освен тоа, Македонски Телеком нуди управувани услуги и решенија во облак со што клиентот се ослободува од обврската да инвестира во опрема и стручна работна сила за имплементација и за одржување на своите мрежни и апликативни решенија, како и за намалување на ризикот од сајбер безбедносните закани. Со нашите решенија за паметни градови се подобрува квалитетот на животот на граѓаните, се намалуваат трошоците на институциите и се намалува загадувањето на воздухот“, вели Богатиновски.

Тој објаснува дека дигиталните решенија не се луксуз кој може да си го дозволат само најголемите и најбогатите. 

„Напротив, нашите дигитални решенија се скроени за сите. За малите и средни компании имаме решенија за дигитална канцеларија со говорно и податочно поврзување, хостирање интернет-содржини, регистрација на интернет-домен, електронска пошта и софтверски апликации за деловно работење. Го следиме развојот на доверливите услуги и согласно барањата на регулативата на ЕУ и на локалниот закон ние сме регистриран издавач на дигитални сертификати за електронски потпис и за електронски печат. Стандардни дигитални решенија нудиме и за големите компании и за институции со илјадници вработени и географска дисперзираност, но и решенија специјално дизајнирани за нивните потреби. За користење на овие решенија не се потребни инвестициски вложувања од страна на корисникот, туку тој се претплатува на месечна основа и нив ги користи додека има потреба, слично како со претплатата на мобилна телефонија или интернет-пристап. Притоа корисникот може флексибилно да го зголемува обемот на решението и според сопствениот раст и бројот на вработени/локациии да плаќа како што расте. Македонски Телеком е тој што инвестира во: мрежа, опрема, софтвер, имплементација и одржување, додека компаниите и институциите се фокусираат на нивната основна дејност и на капитални вложувања во дејноста со цел да ја престасаат конкуренцијата и да имаат задоволни клиенти.

Сметаме дека реална пречка за помасовно прифаќање на дигиталните решенија е свесноста за нивното постоење и нивните придобивки. Затоа почнавме со издавање на „Т Бизнис магазинот“, организирање тематски конференции, обезбедување бесплатни алатки за проверка на дигиталната подготвеност на компанијата. Нашите стручни лица, како и колегите од Групацијата Дојче Телеком, се на располагање за анализа и за советодавни услуги, обезбедувајќи им на клиентите да ги добијат најдобрите европски решенија и практики за дигитализација што се веќе применети кај европски и светски компании и институции. Ние се гледаме како партнери, а не како едноставни доставувачи на услуги – растот на нашите клиенти значи и наш раст, како и на целата економија“, потенцира Богатиновски.

Во поглед, пак, на еден од најголемите предизвици кој доаѓа со дигиталната трансформација, како што е сајбер безбедноста, Богатиновски вели дека за жал, сајбер криминалот е присутен во дигиталниот свет, тука е да остане и ние мора да се справуваме со него. Во последно време сведоци сме дека од овие закани засегнати се не само големите компании и институции туку и малите компании кои немаат ресурси соодветно да се справуваат со нив. 

„Но, иако не можеме да го спречиме сајбер криминалот, можеме да се заштитиме и да го намалиме ризикот. За таа цел, креираме стандардни решенија и решенија по мерка кои може да ги одбиваат ваквите напади, да детектираат сомнителни активности во дигиталниот простор и за ова да ги известат релевантните лица кај корисникот, да креираат извештаи и да предложат мерки за идентификување и за отстранување на потенцијални безбедносни ранливости. Нудиме автоматско, периодично креирање на резервна копија на податоците во заштитениот податочен центар на Телеком. Сајбер безбедноста е столбот на дигиталната трансформација и затоа толку посветено работиме на ова поле. Нашата предност е што сме дел од Групацијата Дојче Телеком и на тој начин обезбедуваме размена на информации за тековните напади во светски рамки и за мерките за заштита“, нагласува Богатиновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сали: ВРЕДИ добива шест министерства во владината реконструкција

28/06/2026
Македонија

Пукал од џип во Гостивар, потоа сам се пријавил во

28/06/2026
Македонија

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив седуммина

28/06/2026
Македонија

Македонија најевтина во Европа: Кошничка од 100 евра во ЕУ

28/06/2026
Македонија

Три лица приведени, а со едно извршен службен разговор за

28/06/2026
Македонија

Осум пожари за еден ден: Три активни низ Македонија

28/06/2026
Македонија

Тетовец измамен за 3.400 евра: Жена лажно барала пари за

28/06/2026
Македонија

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44006
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сали: ВРЕДИ добива шест министерства во владината реконструкција

28/06/2026

Партијата ВРЕДИ ќе добие шест министерски ресори во рамки на најавената владина реконструкција, потврди денеска вицепремиерот и министер за евроинтеграции

Пукал од џип во Гостивар, потоа сам се пријавил во полиција

28/06/2026

Пукање од огнено оружје од возило го вознемири Гостивар, а неколку часа подоцна 65-годишен жител сам се пријавил во полиција.

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив седуммина возеле без возачка дозвола!

28/06/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy