
УЖАС ВО КУМАНОВСКО: Брат си ја уби сестра си и внукот, другиот внук се бори за живот!
СВР Куманово информира дека во кумановското село Габреш имало двојно убиство.
Според информациите, брат ја убил сестра си и нејзиниот син, додека пак го повредил и другиот син, а причината е нерасчистени имотно-правни односи.
Според МВР, вториот син е пренесен во општа болница Куманово.
„На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш,кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово. Увидот е во тек“, велат од МВР.
