
УЖАС ВО ГОСТИВАРСКО: Лице до смрт изгризано од животни
На 23.12.2023 во 14.20 часот Р.Е.(48) од с.Форино-гостиварско пријавил дека во нива во близина на штала која ја користел, го пронашол паднат на земја неговиот татко Џ.Е.(83) кој бил со повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.